Маслото од оригано е познато како најмоќен природен антибиотик. Самата билка има многу лековити својства. Ориганото содржи осум пати повеќе антиоксиданти од јаболкото, а три пати повеќе од боровницата. На нашето тело му се потребни антиоксиданти за да се заштити од слободните радикали. Антиоксидантите го зајакнуваат имунолошкиот систем. Истражувањата потврдиле дека ориганото е најсилната маслена билка во светот.
Маслото од оригано за прв пат е направено во античка Грција, а записите велат дека Грците биле првите луѓе кои го користеле за медицински цели. Нашироко го користеле како моќно антивирусно, антибактериско, антисептично и антифунгално средство, но и како лек против болки и воспаленија. Хипократ го користи како силен антибактериски лек. Луѓето го користат за лечење на болести поврзани со дишниот систем и системот за варење.
Најдобар природен антибиотик – Оригано етеричното масло е полно со минерали. Содржи калциум, магнезиум, цинк, железо, калиум, бакар, бор, манган, па витамин Ц, А (бета-каротен), нијацин.Оригано маслото содржи 4 главни групи на хемикалии (кои воедно се лековити). Содржи феноли масла, содржи многу пинен и терпинен, линалол и бонреол, богато е со естери.
Вистинско масло од оригано
Origanum vulgare и Thymus capitatus (воглавно се одгледуваат во Шпанија) се сметаат за вистински и главни видови на диво медитеранско оригано. Изворното масло од оригано мора да биде добиено од овие два вида,а концентрацијата на карвакрол треба да биде 70% или повеќе. Што е уште поважно, со вистинското оригано етерично масло не се создаваат некакви опасни соединенија во телото, а нема ни било какви нуспојави како вообичаените антибиотици.
извор:zenstvena.com