Маслиновото масло е една од најпосакуваните намирници, но во последно време се расправа за тоа дали готвењето на високи температури предизвикува маслото да биде штетно поради измените во составот.

Како што велат експертите, добрата страна е тоа што маслиновото масло има голем процент на антиоксиданти. Лошата страна е тоа што колку е маслото помалку рафинирано, што е случај кај маслиновото, толку е помала точката и температурата при која почнува да чади, па така може да ја зачади целата кујна.

Кога тоа ќе се случи со маслиновото масло, антиоксидантите и сите здрави состојки од маслото ќе почнат да се распаѓаат, објаснува Фелиција Столер, докторка во Њу Џерси.

И покрај логиката, многу истражувања за маслиновото масло покажале дека всушност е многу отпорно на оксидација и останува стабилно. Ги задржува своите својства дури и кога е пржено на високи температури долго време.

Маслиновото масло е во редот за готвење, иако нутриционистите препорачуваат тогаш да готвите на средна температура. но да го фрлите маслиновото масло и се што се готвело во него ако има премногу чад.

Ако сакате да бидете повнимателни, користете го кокосовото масло кое содржи здрави масти и не чади толку брзо кога го користите, така што можете да пржите што и да посакате.

извор:metro-portal.hr