Нежната кожа на стапалата со годините станува погруба и не е лесно да се врати мекоста, дури ни кога секојдневно мачкате со хранливи креми. Обидете се да го примените овој третман бидејќи е многу ефикасен.
Навечер, пред спиење, намокрете ги нозете во топла вода, во која ќе додадете сок од еден лимон.
После десеттина минути избришете ги со пешкир и втријте екстра цедено маслиново масло. Причекајте неколку минути па повторете го тоа повторно ако кожата на петите е многу сува и веднаш го впила целото масло. Навлечете малечки кесички, а преку нив облечете памучни чорапи и легнете. Доволно е ова да го правите еднаш неделно и стапалата ќе ви бидат нежни, а подоцна можете да го правите тоа еднаш месечно.
извор:zenstvena.com