Кога купувате маслиново масло, задолжително погледнете дали на етикетата пишува „extra vergine”,бидејќи тоа гарантира дека е исцедено од свежи одбрани маслинки и нема хемиски адитиви.
Освен што е здраво за пржење и зачинување салати, има и лековити својства.
Лажица пред доручекот го обложува желудникот и спречува појава на чир, додека задржување во устата, наутро после миењето на забите, штити од парадентоза.
Богато со мононезаситени киселини, го регулира создавањето на холестерол и го чува срцето, додека високата концентрација на витамин Е организмот го штити од слободни радикали.
И тоа не е се. Грчки истражувачи заклучиле дека исхраната со мал внес на месо и големи количини на зеленчук и маслиново масло, е вистински еликсир на младоста и долговечноста.
Истражувањето за влијанието на медитеранската кујна врз должината на животот, на примерок од 23 349 испитаници, траело полни осум и пол години, а судејќи по резултатите, тајната на доброто здравје лежи во намалената употреба на месо и месни производи и честа застапеност на зеленчук и тоа особено мешунки, со минимален внес на алкохол.
извор: b92.net