Вооружен грабеж утрово околу 4.10 часот се случил на бензинската пумпа на “Макпетрол“ на ул. „Пролетерски бригади“ во Струга.

Две засега непознати маскирани лица,  вооружени со пиштоли, упаднале во бензинската пумпа и под закана од двајцата вработени одзеле 710 000 денари. По грабежот тие го напуштиле местото заминувајќи во непознат правец. Никој од вработените не е повреден во грабежот.


Маскирани ограбувачи однеле 710.000 денари од бензинска на “Макпетрол“

СВР Охрид презема интензивни мерки за пронаоѓање на сторителите. Во тек се прибирање на оперативни сознанија со цел откривање на можните сторители на вооружениот грабеж ни изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ohridnews