Разбојник од Охајо ја предал неговата намера пред да стигне до шалтерот во банката, стоејќи во ред со скијачка маска преку лицето.
Полицијата по кратката потера го уапсила 24-годишниот Феликс Голдиштајн. Шалтерскиот службеник во банката, го замолил да ја тргне маската од лицето, а овој му запретил со пластичен пиштол и побарал пари. Разбојникот побегнал со непозната сума на пари.
Претставник од полицијата рекол дека било многу необично што разбојникот маскиран чекал ред пред шалтерот.