Личната заштитна опрема треба да се користи правилно, за да се спречи дополнителен ризик од инфекција. Заштитната маска за една употреба не смее да се користи повеќе пати, потенцира министерот за здравство Венко Филипче.
Маската треба да се прилагоди да биде прилепена за лицето, целосно да се покрие устата и носот, не треба да се допира со нечисти раце, а при вадењето не треба да се допира нејзиниот преден дел, туку тоа треба да се направи со помош на задните ластици. Пред да се стави и откако ќе се извади маската рацете треба да се измијат.
OhridNews