Втор пат сезонава настрада носот на охридското крило Дамјан Стојаноски. По мечот против Фени во Кавадарци, Стојаноски заврши во “костозглобна“, по што му беше препорачан одмор, а во продолжението на првенстовото натпреварите ги играше со заштитна маска.


По заминувањето на Фрај , Стојаноски ја искорити приликата и беше стандарден во охридската петорка. По еден дуел со Аврамоски , Дамјан направи фаул по што доби удар кој ја обнови неговата повреда. Охридскиот кошаркар доби лична , додека центарот на скопјани мина неказнето.

Повредата на Дамјан не исфрли од ритам и до крајот не успеавме да се соземеме. Не може нашиот играч да направил фаул, а да добие “пукнат“ нос. Два пати во првенстовото ни се случува тоа а нашите противници поминуваат неказнето -рече тренерот на АМАК Марјан Лазовски

М.П.