Научници од Јапонија тврдат дека со помош на антитела од ној дизајнирале маска што помага да се утврди присуство на коронавирус. Необичниот метод за откривање на вирусот го разви тим од Универзитетот на Кјото. Јапонските научници на ноевите им инјектирале неактивен и безопасен облик на коронавирус, а потоа ги извадиле антителата на посебен филтер поставен во маската. Овој филтер свети под УВ-светлина кога вирусот е присутен.
Претседателот на Универзитетот и водач на проектот, Јасухиро Цукамото лично се уверил во откритието и рече дека и самиот бил заразен со коронавирус откако носел една од експерименталните маски.
Можеме масовно и евтино да произведуваме антитела од ној. Во иднина сакаме да го претвориме ова во лесна алатка за тестирање што секој може да ја користи, рече Цукамото.
Планот е неговиот тим да спроведе експеримент со 150 учесници и да добие дозвола од Владата за продажба на маските следната година.
OhridNews