Состојките од оваа маска смируваат, ја хидратизираат и ја освежуваат кожата враќајќи го нејзиниот природен сјај.

Нашата кожа често е уморна, така што природната маска секако ќе и помогне во враќањето на убавиот изглед, а состојките од оваа маска се корисни на повеќе начини.

Кивите се природен извор на хидрокарбонски киселини кои се важна состојка на козметичките производи, а освен тоа, содржат многу витамин Ц, дури и повеќе околку лимоните. Додајте им свежо исцеден сок од портокал, маслиново или бадемово масло кои се одлични за омекнување на кожата и јогурт кој одлично ја смирува кожата. Ќе добиете ефикасна маска за враќање на свежината и сјајот на вашата кожа.

Потребни ви се:
– 2 киви
– 3 лажички грчки јогурт
– една лажица свежо исцеден сок од портокал
– една лажица бадемово или маслиново масло

Подготовката на оваа маска е многу едноставна. Измешајте ги состојките во чинија, нанесете ја маската на лицето и оставете ја да делува 15 до 20 минути. Потоа измијте со топла вода.

Внимавајте, ако некогаш сте имале алергиска реакција на цитруси, немојте да ја користите оваа маска.

извор:cromoda.com