Илон Маск нема да му се приклучи на одборот директори на „Твитер“, изјави синоќа главниот извршен директор на социјалната мрежа, Параг Агравал.

Илон одлучи да не му се приклучи на нашиот одбор. Именувањето во одборот требаше да стане официјално на 9 април, но Илон истото утро сподели дека не сака да му се приклучи на одборот. Верувам дека така е најдобро, објави Агравал на Твитер.

Компанијата останува отворена за придонесот на Маск.

Минатата недела мултимилијардерот соопшти дека купил повеќе од девет отсто од акциите на „Твитер“. Оттаму тогаш соопштија дека е склучен договор со Маск според кој компанијата ќе го назначи во одборот како директор од втора класа, со мандат до 2024 година.

Инаку, Маск (50) е и официјално најбогатиот човек на светот благодарение на „Тесла“ и вселенската компанија „Спејс-Икс“. „Блумберг“ го проценува неговото богатство на 288 милијарди долари.

OhridNews