Машко е првото новороденче во Општата болница во Струга. Бебето како што информира директорот Арменд Арслани е родено денеска во 11 часот и 40 минути.

Првото новороденче на Гинеколошкото одделение во струшката Општа болница е машко, во добра здравствена состојба. Тешко е 2.880 грама и долго 49 сантиметри, изјави Арслани.

Бебето и мајката Зекир Елма, која е третородка од селото Брештани, Центар Жупа, додаде, се во добра здравствена состојба.

А мирно поминала и Новогодишна ноќ во Струга и струшко, со само едно нарушување на јавниот ред и мир. Брзата помош со вообичаени интервенции.

Полицијата, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, регистрирала само едно нарушување на јавниот ред и мир на улицата „Боро Дуни“ во Струга.

Во 4 часот и 30 минути на улицата „Боро Дуни“ регистрирана е тепачка меѓу две лица, едниот од Струга, а другиот од струшкото село Боровец. Најпрво настанала вербална расправија, а потоа и физичка пресметка. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Димоски.

Струшката Брза помош новогодишната ноќ ја поминала со редовни интервенции и мало згоемување во однос на претходните вечери. Информираат дека се евидентирани над 20 интервнеции, повеќето со висока температура и висок притисок, а интервенирале и на една тепачка.

Организиран дочек на Градскиот плоштад и годинава немаше, но стружани највеселата ноќ ја поминаа во кафулињата и рестораните, како и во домашна атмосфера.

OhridNews