Машките колибри во летовите со кои се обидуваат да ги импресионираат женките постигнуваат брзина поголема од онаа на млазните авиони, покажало истражувањето на научниците. Со супер брзи камери биле снимени некои маневри на овие птици. Тие постигнувале брзина од 400 должини на телото во секунда.
Иако млазните авиони, секако постигнуваат поголема реална брзина, кога ќе се споредат брзината со должината на телото колибрите се многу поуспешни. Тие дури имаат подобар резултат и од ракетите кои се лансираат во вселената.