Љубителите на духовната музика синоќа во катедралната црква Св. Софија имаа можност да го проследат настапот на машкиот камерен хор од Птуј, Р. Словенија, збратимен град со Охрид.
Овој хор негува црковна музика, а во Охрид настапи во рамките на турнејата низ балканските земји.
Концертот на машкиот камерен хор од Птуј во Св. Софија го проследија околу стотина охриѓани.