По неколку години апститенција машката кошарка се враќа во Охрид. Утре со почеток од 14 часот младинскиот тим на Колибри ќе го пречека Милениум од Струмица во меч кој е одлучувачки за пласман во супер лигата во оваа конкуренција.
По завршувањето на мечевите од младинската конкуренција охридските колибри своите натпревари ќе ги продолжат во третата македонска кошаркарска лига.
– Очекуваме охриѓани да дојдат и да им ја дадат подршката на овие млади деца, кои во текот на целата сезона напорно работеа. Исто така со овие натпревари го започнуваме циклусот наречен 3 лига – велат од клубот.
Според плановите на клубот наредната сезона портокаловата топка повторно ќе се заигра во Охрид, а тимот во првата сезона ќе биде составен од домашни кошаркари.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com