Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ активно работи на одржување и подобрување на квалитетот на спортските терени. Во рамките на редовното одржување, спроведено е машинско пресејување со спортски видови на тревни смеси, со цел да се обезбеди густа, издржлива и квалитетна тревна површина погодна за интензивна употреба, информираат од претпријатието.

 

Дополнително, терените се потхранети со гранулирано ѓубриво, кое обезбедува неопходни хранливи материи за оптимален раст и развој на тревата. Со овие мерки се продолжува грижата за спортските терени, обезбедувајќи подобри услови за спортските екипи и рекреативците, велат.

Воедно, посочуваат дека остануваат посветени на одржувањето на високите стандарди на своите терени и унапредување на спортската инфраструктура во Охрид.

OhridNews