Британските експерти изумиле машина за перење која пере со минимална количина вода. Наместо вода, за отстранување на нечистотиите и миризбата од облеката машината користи пластични гранули. Компанијата Ксерос, која стои зад оваа технологија, тврди дека овој начин на перење облека не само што е поекономичен, туку е и поефикасен и ја чува природната околина. Покрај тоа гранулите спречуваат пренос на боите, така што истовремено може да се перат и темни и бели алишта. Со замената на водата со гранулите исто така се штеди и на детергент, а истите гранули можат да се користат за 500 перења.
Според медиумите, експертите од универзитетот во Лидс, кои ја развиле оваа технологија, првобитно се обидувале да решат еден сосема друг проблем. Имено, професорот Стивен Беркиншо сакал да најде начин како бојата на ткаенините да биде што подолго постојана, но сватил дека новото решение би можело да се примени и за остранување на дамките од облеката. За еден циклус перење потребно е во машината да се стават околу милион ситни, пластични гранули заедно со една шолја вода и неколку капки специјален Ксерос детергент. Оваа технологија е моментално достапна само за хотелите и пералните, но компанијата Ксерос планира во блиска иднина да произведе и куќна верзија од машината.