Освен што би штеделе време, овие машини за својот век на траење би можеле да заштедат и повеќе од 800 илјади литри вода, што е доволно да се наполнат 17 големи базени. Перењето поголеми количини алишта обично одзема многу време бидејќи програмата за перење често трае и по два до три часа. Компанијата „Расел Хобс“ пласирала модерни машини за перење алишта кои пеерењето ќе го завршат за 12 минути.
Брзото перење е можно затоа што водата и детергентот во машината се слеваат од два извори, наместо од еден како кај обичните машини. Во новите машини може да се стави до седум килограми облека, а на корисниците им се понудени 15 програми за перење. Моментално се продаваат во Велика Британија, а цената е околу 280 евра.