Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца утре ќе гостуваат во Охрид, во рамки на претставата „Веселата Училница“.
Претставата која ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прличев“ е наменета за деца од предучилишна и рана училишна возраст и е инспирирана од вечниот страв на децата од првиот училишен ден.
Претставата почнува од 12 часот, меѓутоа еден час порано на платото пред Центарот за култура ќе биде поставен импровизиран училишен двор каде дечињата ќе може да се фотографираат со Маша и Медо, но и активно да учествуваат во низа интерактивни игри.
Главната актерска екипа се состои од Марко Новески, Бојан Велевски и Соња Стамболџиоска, како и детските ликови Маша и Медо, Џеронимо Стилтон и полжавчето Доми. Претставата е во режија на Игор Ивковиќ.
Влезниците се по цена од 150 денари со подарок боенка, а постои можност да се купат и комплет влезници по пониски цени.
OhridNews