Неименуван американец го ограбиле две жени кои ги запознал во казино. Освоил 2 000 евра во казино, и продолжил да се коцка со жени кои се претставиле како масерки. Потоа ги одвел во својот дом на уште еден пијалок и масажа. Девојките му ги соблекле пантолоните и исчезнале со добивката.
Полицаец, кој бил во блиска продавница, ги препознал по описот од жртвата и повикал засилување. Полицијата ги уапсила двете 21 годишни девојки и ги пронашла парите и марихуана во нивниот автомобил.