Во време на брз и динамичен живот, без неопходниот минимум физички активности, луѓето се повеќе страдаат од проблеми како вкочанетост и болки на вратот и телото, но и разни деформитети кои влијаат на севкупното здравје. Недостатокот на време е најчестиот изговор за непрактикување физички активности, но постојат и други начини за опуштање и релаксација на телото, како што е масажата. Сега неа може да ја практикувате по исклучително поволни услови во Масажа центарот во хотелот „Скај Корнер“, кој е достапен 7 дена во неделата.
Освен професионална медицинска масажа Масажа центарот во хотелот „Скај Корнер“ нуди и релаксирачка масажа, спортска масажа, киропрактика, физиотерапија, а од неодамна во функција се ставени термомасжни кревети и фотељи на Супер Орто, со што секој може да си приушти масажа по достапни цени.
-Тие работат автоматски и се користат низ целиот свет. Со секојдневна употреба се подобрува целокупната состојба на организамот, хроничните болки се намалуваат, а кај некој луѓе дури и исчезнуваат. Термо креветот работи на пет принципи масажа, која е длабинска и го релаксира телото, врши акупресура за одржување на балансот на енергијата во телото, исто прави и киропрактика, така што ги насочува во правилна положба пршлените и врши терапија со инфрацрвени зраци кои со топлината придонесуваат за општо подобрување на организмот и подобрување на крвната циркулација, а турманиумот кој кога ќе загрее исто испушта инфрацрвени зраци и негативни јони. – објаснува Стевче Видов – кинезитерапевт во Масажа центарот во хотелот „Скај Корнер“.
Благодети од оваа масажа има многу и секој треба да дојде и да си овозможи релаксација на телото, дотолку повеќе што услугата е навистина достапна за секого, додава Видов. 40 минути авто масажа на термо масажен кревет чини 150 денари, а пакет од 10 масажи – 1200 денари, додека 15 минути масажа на термомасажната фотеља чини 100 денари, а пакет од 10 масажи изнесува 800 денари.
-Бенефити има многу, како што е намалување на болките и стресот, корекција на држењето на телото, корекција при некои деформитети на р’бетниот столб како сколиоза, кифоза и други, помага доста и при спондилоза. Ги опушта мускулите и тетивите околу кичмата со што го ослободува притисокот на кичмениот столб и ја поставува кичмата во нејзината правилна положба. Масажата ги зацврстува мускулите и лигаментите, ја зголемува нивната еластичност и ве прави што помалку подлежни на повреди и болки. Го забрзува крвотокот и лимфниот проток, ја подобрува функцијата на органите со што го забрзува метаболизмот и го зајакнува имунитетот. Исто така помага и во процес на слабеење, како и кај болни од дијабетес.– истакнува Видов.
Кинезитепевтот Видов вели дека свеста кај луѓето за продобивките од масажата е се поголема.
-Од ден на ден свеста кај луѓето расте и се повеќе има интерес за користење на масажа услуги и кај нас. – рече Видов.
Масажа центарот во хотелот „Скај Корнер“ работи секој ден од 9 до 21 часот.
Г.М.
Фото: А. Момироска