НЕКОЛКУ лица се убиени во Цетиње во Црна Гора од истрели од огнено оружје по физичка пресметка во локално кафуле, потврдија за „Vijesti.me“ повеќе неофицијални извори.

Според истите информации, полицијата трага по осомничениот А.М од Цетиње.

Според неофицијални информации загинале четворица мажи и две деца, а ранети се уште три лица.

Според информациите на Вијести од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во ресторан во градот Бајице кога А.М. отворил оган врз неколку лица. После тоа, според достапните информации, пукал на улица.

Најмалку 10 мртви во масакр во Њу Орлеанс

Возач со пикап влетал во толпа луѓе на улицата Бурбон во Њу Орлеанс, САД, при што уби 10 лица, а ранил најмалку 36 други.

Станува збор за 42-годишниот Шамсуд Дин Џабар, јави американскиот CBS News.

ФБИ го потврди она што го сугерираат фотографиите од местото на нападот – дека во пик-апот со кој напаѓачот прегази луѓе имало знаме на ИСИС. Џабар бил американски државјанин.

ФБИ претходно денеска потврди дека инцидентот се третира како терористички акт и дека сторителот е убиен по нападот.

Г.М.