Руски сили утринава истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, објави Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје.
Станува збор за конвој цивили кои со автомобили оделе да ги земат своите роднини од териториите под руска окупација.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви и ранети како лежат на патот.
Непријателот нападна цивилен конвој во предградието. Луѓето беа во колона која требаше да се упати кон окупираната територија за да ги земе роднините и да достави помош. Има мртви и ранети, а итната помош е на терен. Во моментов знаеме за 23 мртви и 28 ранети. Сите цивили, наши сограѓани, објави Стријук на Телеграм.
OhridNews
фото. Архива