Најмалку 13 лица го загубија животот, а триесетина се повредени во вооружениот напад на ваената база “Fort Hood“ во Тексас – САД, јави “CNN“. Според првичните неофицијални информации меѓу убиените е и еден од напаѓачите, а двајца се уапсени. Според друга верзија единствен одговорен за крвавиот напад е 39-годишниот воен психијатар Нидал Малик – Хасан, кој е муслиман.

Околностите под кои се случил маскрот не се познати. Базата е затворена, а на локалното население му е препорачано да остане во своите домови.


Семејството на Хасан е шокирано од нападот, кој наиде на голема осуда во САД и Светот.

Американскиот претседател, Барак Обама, нападот на “Ford Hood“ го нарече трагичен и страотно насилство.

Некои од пријателите на Хасан од војска откриваат дека тој во последно време често јавно негодувал на амариканската политика и војните кои оваа земја ги води во Авганистан и Ирак. Наводно и често знаел да се расправа со колегите поради тврдењата дека “тамошните муслимани имаат право да дигнат оружје против агресорите“.

“Fort Hood“ е најголема американска база во која се стационирани околу 40.000 војници.

Ohridnews