Според последните информации, најмалку 12 лица се убиени, а двасетина се ранети, меѓу кои и помали деца, во оружениот напад на училиште што се случи во западниот дел на бразилскиот град Рио Де Женеиро. Најголемиот дел од жртвите се на виозраст помеѓу 11 и 13 години.


Светските агенции повикувајќи се на локалните власти информираат дека меѓу мртвите е и напаѓачот на училиштето “Tasso da Silveira“. Нападот го извршил 23-годишниот Велингтон Менезес де Оливеира, поранешен ученик, кој се преправал дека сака да одржи говор пред учениците, по што отворил оган од два пиштоли. По пристигнувањето на полицијата напаѓачот се самоубил оставајќи проштално писмо во кое ги навел мотивите за нападатот.

По повод трагичниот настан во Бразил е прогласена тридневна жалост.

OhridNews