Вооружен напаѓач уби 50 луѓе, а 53 рани во геј клуб во Орландо, во американската сојузна држава Флорида. Како што пренесеува CNN напаѓачот, кој подоцна е убиен во акција на полицијата, бил извесен Омар Матин, Американец со авганистанско потекло, а одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
„Вооружениот напад врз ноќниот геј клуб во градот Орландо, во американската сојузна држава Флорида, во кој се убиени или ранети повеќе од сто луѓе, е извршен од борец на Исламската држава“, ги цитира Reuters извештајот на агенцијата Aamaq која се смета за тесно поврзана со џихадистичката групација, пренесува „Макфакс“.
Детективот на FBI Роналд Хопер на брифинг со новинарите потврди дека Бирото го регистрирало Матин првпат во 2013 година. Истакна дека во тој период FBI ги проверувало изјавите на сведоци во врска со Матин, го снимало осомничениот и двапати бил повикан на испрашување. Тогаш не можело да се утврди негова поврзаност со терористички групи, и истрагата била затворена. Хопер додаде дека Матин по вторпат бил проверуван во врска со американскиот бомбаш самоубиец Абу Салах. Тогаш со него исто така разговарале агенти на FBI, но заклучиле дека тој не претставува никаква закана.
OhridNews