Засега непознати лица кои биле облечени во полициски униформи од автомобил пукале со автомати во угостителски објект,вчера во доцните вечерни часови во Елбасан, при што убиле тројца и тешко раниле осум лица. Масакрот се случил во еден објект во близина на фудбалскиот стадион во Елбасан, а според албанските медиуми станува збор за крвна одмазда.
Од ранетите во тешка состојба се тројца, кои се префрлени на лекување. Денес во раните утрински часови полицијата направила опсада на градот Елбасан, со цел да ги фати убијците.
Според првичните информации убиствата се поврзани со претходни убиства што се случиле во Елбасан.
OhridNews
извор Макфакс