Третопласираниот Роберт Кубица не успеа да ја реализира првата пол позиција во прва победа поради неуверливиот старт и губењето на водството уште на првата кривина.
Четвртото место му припадна на Ник Хајдфелд пред Хеики Ковалаинен, кој на денешната трка го одвози најбрзиот круг.
Шести целта ја помина возачот на Тојота, Јарно Трули, а последните кои завршија во бодови беа Марк Вебер и Нико Розберг.
Луис Хамилтон денес одвоза разочарувачка трка. По катастрофалниот старт и глупавата грешка кога го удри Реното на Фернандо Алонсо, Англичанецот се најде на опашката од колоната. Трката на крајот ја заврши како 13ти.
Целта не ја видоа само тројца возачи. Себастијан Фетел испадна уште во првиот круг поради механички проблем. Во 21от круг, после судирот со Дејвид Култхард од Ред Бул испадна Џенсон Батон. Нелсон Пике Џуниор трката ја заврши во 42от круг поради механички проблем, веројатно поради менувачот, проблем за кој уште пред стартот на трката се жалеше дека втората брзина не му работела.
После Бахреин, следува враќање на европско тло. Во поредокот на возачи, водството го превзеде Кими Раиконен од Ферари, а кај конструкторите сега води БМВ Заубер.
Г.Н. НА БАХРЕИН – РЕЗУЛТАТИ
П. Возач Тим Време
1. Massa Ferrari 1h31:06.970
2. Raikkonen Ferrari + 3.339
3. Kubica BMW Sauber + 4.998
4. Heidfeld BMW Sauber + 8.409
5. Kovalainen McLaren-Mercedes + 26.789
6. Trulli Toyota + 41.314
7. Webber Red Bull-Renault + 45.473
8. Rosberg Williams-Toyota + 55.889
9. Glock Toyota + 1:09.500
10. Alonso Renault + 1:17.181
11. Barrichello Honda + 1:17.862
12. Fisichella Force India-Ferrari + 1 lap
13. Hamilton McLaren-Mercedes + 1 lap
14. Nakajima Williams-Toyota + 1 lap
15. Bourdais Toro Rosso-Ferrari + 1 lap
16. Davidson Super Aguri-Honda + 1 lap
17. Sato Super Aguri-Honda + 1 lap
18. Coulthard Red Bull-Renault + 1 lap
19. Sutil Force India-Ferrari + 2 lapsБез пласман/откажување:
Возач Тим Круг
Piquet Renault 42
Button Honda 20
Vettel Toro Rosso-Ferrari 1
Најбрз круг:
Кovalainen, 1:33.193