Марвел чија франшиза е блокбастерот „Црниот Пантер“ претстави прекрасно уметничко дело во знак на почит кон Чадвик Боземан, кој трагично почина минатата недела.
43-годишниот актер живееше тајно со рак на дебелото црево веќе четири години, а неговото семејство потврди дека починал дома, опкружен со најблиските.
Марвел на својот инстаграм профил објави уметничко дело на ѕвездата, прикажувајќи го како Црниот Пантер покрај дрвото што игра важна улога во истоимениот филм, како и сегменти од моќниот говор на д-р Чадвик Бозман во 2018 година на Универзитетот Хауард (Howard University), во кој тој зборуваше за одржувањето на неговиот интегритет во нефер индустријата.
OhridNews