Победничката форма од меѓународниот атлетски митинг во Бар, Црна Гора охриѓанката Мартина Мироска ја потврди на Државното првенство за средношколки кое се одржа во Скопје искачувајќи се на првото место.
Мироска од 13 натпреварувачки имаше најдобар резултат (5.54) и се закити со златниот медал. Овие резултати се одлична најава за завршницата од македонското првенство и купот кои следуваат.
OhridNews