Охридската атлетичарка Мартина Мироска се закити со наградата за најдобра атлетичарка во младинска категорија за годината што изминува во нашата земја.

Мироска по втор во нејзината кариера ја освојува оваа награда, откако првата и беше доделена за минатата односно 2016 година.

Охриѓанката имаше плодна сезона учествувајќи на десеттина меѓународни митинзи, а на домашна сцена самата награда за најдобра млада атлетичарка говори за нејзината супериорност.

За најдобри атлетичари прогласени беа Дрита Ислами и Дарио Иваноски, а рамо до рамо со Мироска во младинска конкуренција е Никола Стојановиќ.

OhridNews