Со повикот на Мартин Манасков во селекцијата се формираше нов братски тандем во репрезентацијата откако таму веќе староседелец е неговиот постар Дејан.

Братски тандеми во македонската репрезентација има веќе три а тоа се Наумче и Златко Мојсоски, Кирил и Филип Лазарови и Велко и Никола Маркоски.

– Секако дека многу ми помага оти мојот брат е веќе дел од селекцијата. Тој после секој тренинг ме советува и ми помага околу прилагодувањето во селекцијата. Неговото присуство на тренинзите ми дава голема сигурност што сега на почетокот од репрезентативната кариера ми е потребна – рече Мартин.

Постариот Дејан по повикот на неговиот брат во репрезентацијата има обврска плус во селекцијата.

– Со доаѓањето на Мартин во селекцијата добив обврска плус. Се правам јас тој добро да се осеќа во селекцијата и што подобро да се прилагоди. На секој нов репрезентативец му треба поддршка на стартот од кариерата во светиот дрес – истакана Дејан.

Мартин игра на позицијата лев или среден бек додека за Дејан е резервирана левата крилна позиција.

Мх.П.