Момчето Мартин Стојаноски за кое Охрид и Струга се кренаа на нозе беше специјален гостин на второлигашкото дерби помеѓу Лабуништа и Пелистер во 23-та рунда од шампионатот. Дерби средбата и речиси сите спортски настани овој викенд во земјата поминуваат во знакот на хуманоста и собирањето на потребните средства за лекувањето на Мартин во Москва, Русија. 22-годишниот фудбалер пред неколку месеци во сообраќајна несреќа се здоби со тешки повреди на нозете, но тој верува дека со поддршка од сите заедно ќе успее да застане на нозе и да продолжи со играњето фудбал и свирењето на својата хармоника.
- Поддршката ја чувстувам од сите. Почнувајќи од моите најблиски, соиграчите, фудбалерите, спортистите и спортските работници и сите луѓе кои ме застануват на улица. Минувам низ тежок период, но со поддршката која ја добивам верувам дека ќе успееме. – изјави Мартин Стојаноски.
Парите од билетите од дерби средбата во Струга ќе бидат уплатени на сметката од Мартин, а уште многу културно уметнички настани се организираат се` со цел за помош и собирањето на средства за лекување.
OhridNews