Охридскиот фудбалски состав со ангажман на искусниот фудбалер Мартин Шишков го заокружи плодниот зимски преоден рок.

33-годишниот лев бек во охридските редови се пресели од штипска Брегалница следејќи ги стапките на Стојанче Велинов.

Шишков е вкупно седми фудбалер кој му се приклучи на „рибарите“ во зимскиот преоден рок. Охриѓани се засилија со Раиф Мирселоски, Бурхан Алији, Шериф Реџепи, Дарко Симјаноски, Стојанче Велинов и Александар Василев.

Охрид во втората полусезона ќе води жестока битка за опстанок во Втората МФЛ. Новата сезона стартува на 29 февруари, а Охрид гостува кај тимот на Лабуништа.

OhridNews