Ракометниот клуб Охрид доведе ново засилување, откако ги договори сите детали со Мартин Манасков.
Манасков во Охрид ќе се пресели од Пролет каде ги мина последните сезони во Супер лигата. 25-годишниот ракометар потпиша едногодишна соработка со охридскиот клуб и ќе треба да биде еден од адутите на нови тренер Раде Стојановиќ.
Охриѓани го екипираат ростерот и максимално се подготвуваат за новата сезона. Нови ракометари се голманот Никола Данилоски, пивотменот Кристијан Анастасовски и десниот бек Дејан Гошески.
Следната недела во зависнот од исходот на дисциплинската комисија на РФМ нов член на РК Охрид може да биде Лексо Тсителишвили.
Од ракометарите со поголем стаж нови договори добија Крсте Андоновски, Борче Соколов, Бобан Блажески, Иван Тасески и Јагош Брауновиќ.
OhridNews