Хрватскиот интернационалец Мартин Јунаковиќ кариерата ќе ја продолжи во тимот на Широки Брег, откако спогодбено го раскина договорот со АВ Охрид.
Јунаковиќ во редовите на „галебите“ дојде од хрватскиот клуб Загреб и се покажа како одлично засилување во мечевите од Првата лига кои ги одиграа охриѓани.
Трансферот на 24-годишниот кошаркар во Широки Брег ќе отвори место за нов кошаркар или Петар Чочороски ќе се потпри на ресурсите кои ги има во клубот.
OhridNews