„Гладијаторите“ на крилата од охридската публика славеа против КЛ7 (28-23) и успешно ја минаа полуфиналната пречка на завршниот турнир кој се одржува во СРЦ „Билјанини Извори“. Последна пречка до тронот ќе биде Металург кој во 1/2 финалето ја победи Струга.
- За вакви моменти се игра и тренира. Мотивацијата беше огромна во нашиот состав. Јас лично мислам дека никогаш повеќе не сум бил мотивиран од денеска. Така и го започнавме натпреварот. Кога веќе осетивме замор одигравме тимски гинејќи еден за друг. Знаевме дека нема да биде лесно и дека тие ќе направат се да не победат. И благодарам на публиката која не само што не поддржа туки не одведе до победа. Сакам да ја повикам утре да дојде во што поголем број и да ужива во финалниот натпревар. Ние ќе дадеме се од себе и ветуваме борба до последен здив. – изјави Мартин Ивановски.
Фантастичен кам бек во тимот на Охрид имаше Наум Костов. Десното крило паузираше речиси месец дена поради повреда на коленото, а се врати во голем стил постигнувајќи 9 голови.
- Тежок период е зад мене, затоа ќе уживам во денешната победа. Болка се` уште чуствувам во коленото, но кога излегов на теренот и почнав да играм се` заборавив. Ќе пробаме да се одмориме, утре со ладни глави да разговараме и да се договириме за мечот со Металург. – додаде Костов.
Финалниот меч се игра во 17 часот и 30 минути.
OhridNews