Ракометарите на Охрид, Мартин Ивановски и Наум Костов отпаднаа од репрезентативниот список, откако не го поминаа финалното кратење на селекторот на кадетската селекција, Данило Брестовац.

Охридското дуо се најде на поширокиот список заедно со уште 46 ракометари, а селекторот одбра 18 кои ќе ги започнат подготовките на 22 овој месец.

Селекторот со собирот и официјално стартува со мисијата за Светското првенство во кадети кое ќе се одржи 2019 година во Скопје.

Репрезентативната врата не е затворена за Ивановски и Костов кои под палката на Наум Бабачев ќе треба уште помотивирано да работат.

Списокот:

OhridNews