Името на охридскиот ракометар Мартин Ивановски се најде на списокот од 22 ракометари кои селекторот на кадетската репрезентација Данило Брестовац ги одбра за недела на ЕХФ.

Брестовац и кадетските репрезентативци ќе одработат мини подготовки и ќе ја брусат формата за турнирот кој ќе се одржи во Скопје на крајот од оваа година. Следната година „црвено жолтите“ ќе бидат домаќини на Светско првенство, а селекторот низ вакви собири (ќе) мора да го одбере најдоброто.

Повикот на Ивановски е уште еден доказ за добрата работа на РК Охрид кој се повеќе му дава шанса на своите ракометни надежи.

Списокот:

OhridNews