Охриѓанецот Мартин Ивановски ќе биде дел од македонската ракометна репрезентација на песок која ќе настапи на Европското првенство во Полска од 2 до 7 јули.

Ова ќе биде нов предизвик за младиот Ивановски кој полека но сигурно се пробива во првиот состав од охридскиот ракометен клуб. Покрај името на Мартин на списокот од селекторот Сашо Србиновски се најдоа уште: Стефан Колоски, Кристијан Трајкоски, Александар Стојаноски, Дарио Алушовски, Филип Арсеновски, Цветан Кузманоски, Христијан Крстаноски, Бојан Маџовски и Стефан Дрогришки.

На ЕП во Полска ќе настапи и женската репрезентација предводена од Србиновски во следен состав: Теодора Гулицоска, Сања Дабевска, Пена Граматова, Теодора Маркоска, Бисера Паскал, Моника Јанеска, Драгица Митрова, Симона Гроздановска, Александра Боризовска.

Машката и женската репрезентација пред да отпатуваат во Полска ќе имаат подготовки во Скопје каде ќе биде брусена формата.

OhridNews