Ракометниот клуб Охрид во името на Мартин Ивановски ќе има свој преставник во кадетската репрезентација на Македонија која отпатува во Унгарија на мини турнеја.
Средниот бек во редовите на Охрид дополнително беше повикан во селекцијата, откако изоставен беше од првичниот список кој го објави селекторот Данило Брестовац.
Повикот во репрезентацијата на Ивановски е награда за Наум Бабачев кој работи како тренер во младинските категории и за РК Охрид кој полека ги собира плодовите од пет годишното вложување во ракометните надежи.
Кадетската репрезентација во Унгарија ќе одигра пет натпревари, додека младинската селекција четири низ кои ќе ја брусат формата за предизвиците кои доаѓаат.
OhridNews