Со победата над Лирија во големот финале од Купот на Македонија, Зоран Мартич стигна до првиот трофеј во националниот куп, а на неговата екипа му го донесе вкупно седмиот.
– Беше многу тешко по наша вина бидејќи не успеавме да ја задржиме убедливата предност. Тоа ни се повторува веќе неколку натпревари наназад и преставуа наш голем проблем. Повредите на Дамјан Стојановски и Оташевиќ и проблемите со лични грешки малку не дестабилизираа во играта, но на крајот се добро се заврши – рече тренерот на „металците“.
По одбранувањето на трофејот во Купот погледите на МЗТ Скопје се вртат кон регионална Јадранска лига каде ги очекуваат исклучително важни натпревари.
Мх.П.