Словенскиот стратег на клупата од МЗТ Скопје, Зоран Мартич покрај победата над Струмица 100-71 и пласманот во 1/2 финалето не беше задоволен од играта на неговите избраници.

– Не сум задоволен од тоа како моите играчи ги одиграа првите и последните пет минути. Им реков дека мора да се фокусираме 40 минути во одбраната, а тие не го направија тоа. Сосема заслужено победидвме на мечот со Струмица и се пласиравме во 1/2 финалето – рече Мартич.

Предводникот на „штрковите“ на прашањето за следниот противник истакна – Ќе биде крајно не фер плеј, ако кажам која екипа сакам да ја видам против нас во 1/2 финалето. А ќе бидам и искрен дека ниту една екипа немам гледано во живо.

Мх.П.