Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2020 година се издадени 219 одобренија за градење, што е за 20.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 729 753 000 денари, што е за 11.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115 (52.5 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18.7 %) за објекти од нискоградба и 63 (28.8 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 219 објекти, на 109 (49.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 110 (50.2 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 228 станови, со вкупна корисна површина од 24 572 м2.

Во наведениот период во Општина Охрид, издадено е само едно одобрение за градба на приватно лице, исто и во Дебрца, каде инвеститор е правно лице, додека во Струга во март не е издадено ниту едно одобрение за градба, соопшти Државниот завод за статистика.

OhridNews