Францускиот интернациоланец Ентони Марсијал ја продолжи верноста со „црвените ѓаволи“ потпишувајќи нов договор со важност до 2024 година.
Марсијал пред нецели два месеци беше на излезни врати од клубот, откако не беше на иста бранова должина со Жозе Мурињо. Португалецот на средината од декември месец доби отказ, а од доаѓањето на Оле гунар Солскјаер после клубот најмногу профитираше Марсијал.
- Од денот кога пристигнав до денеска уживам во секој поминат момент во клубот. Манчестер Јунајтед е дел од мојата фамилија. Навивачите се нешто посебно и сигурен сум дека уште многу убави моменти ќе имаме заедно. – изјави Французинот.
Напаѓачот во Олд Трафорд се пресели од Монако септември 2015 година. Во 136 настапи во дресот на „ѓаволите“ Марсијал успеа да постигне 46 погодоци.
Следен фудбалер со кој клубот треба да седне на маса е Давид де Геа.
OhridNews