Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, во петок, 17 февруари, организираат протестен марш.

Маршот ќе почне од Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Заеднички и сплотено ќе го изразиме нашето незадоволство од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и конкретни барања до Владата и до Собранието за донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање, почитување на медиумските работници, почитување на работничките права и безбедност на новинарските професионалци.

Г.М.