Тргнувањето со организиран превоз од Охрид до Ново Село е на 09.05.2010 (недела) во 9,00 часот од Градскиот полигон за мали спортови.
Маршот започнува во 10.00 часот од Ново Село до Споменикот на паднатите борци во Белчишта.
Во 11,00 часот ќе се полага цвеќе на споменикот, а од 12.00 часот во центарот на Белчишта ќе биде организирана богата културно-уметничка програма.
Организаторите упатуваат јавен повик до сите поддржувачи на традициите на НОБ и антифашистичката борба да се приклучат на маршот.