Целта на маршот е загриженоста на здруженијата „Анима Мунди“, „Срна“, „Срце за животните“ и „Нова надеж“ за заштитата и третманот на животните во Македонија. Овие организации тврдат дека во Дрисла постои дупка која е ископана без стандарди, каде се фрлаат кучињата кои нехумано се убиваат, за што до медиумите доставија и два документи, едниот од Градот Скопје упатен до ЈП Комунална Хигиена – Скопје а другиот од Ј.П. Депонија „Дрисла“ – Скопје до Еколошкото здружение „Живот во зеленило“- Скопје, кои според нив потврдуваат дека во Дрисла има гробница за мрши од усмртените кучиња од стационарот за кучиња „Вардариште“.
„Имаме најава дека дел од „хуманата еутаназија“ која ја ставаат во Автокоманда не делува, што значи дека кучето привремено губи пулс, и потоа ги ставаат во камиони и ги носат во Дрисла и ги фрлаат во дупката, при што се случувало да се будат кучињата во дупка од која не можат да излезат и умираат во неописливи маки,“ изјави пред два дена Венера Петковска независен активист за заштита на правата за животните.
Петковска изјави дека во стационарот „Вардариште“ од октомври 2007 до денешен ден се убиени повеќе од 5000 кучиња, и дека тоа не е ниту привремено прифатилиште ниту азил за животните, туку место каде се убиваат кучиња
„Во подзаконските акти да се предвиди присуството на полицијата за таа да може да биде ангажирана во растурање на борбите со животни,“ рече Гоџиров.
Невладините ги повикаа сите граѓани кои ги сакаат животните, да излезат и да ја потврдат својата поддршка за маршот кој ќе се одржи.
Извор: Макфакс