Српскиот репрезентативец Мијајло Марсениќ е нов член на македонскиот ракометен првак Металург.
Поранешниот ракометар на Беране и Партизан дејствува на пивотменската позиција и треба да биде сериозна конкуренција за староседелците Ванчо Димоски и Никола Маркоски.
Металург со ангажманот на Марсениќ го продолжи трендот на собирање млади таленти од поранешните југословенски републики.
Мх.П.