Дефанзивецот на Реал, Марсело изјави дека финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул (1:0) е неговиот последен меч за тимот од Мадрид.

Да, тоа беше мојот последен натпревар за Реал Мадрид, ги пренесува зборовите на Марсело, новинарот Диего Фернандез.

Триесет и четиригодишниот Бразилец е во Реал Мадрид од 2007 година.

Неговиот договор со клубот истекува во јуни оваа година.

Марсело одигра 545 настапи за Реал Мадрид, постигнувајќи 38 гола и 103 асистенции.

OhridNews